Get Adobe Flash player

  Опласт- Охрид е компанија која е формирана 1994 година. Основна дејност е производство на пластична амбалажа за една употреба, кои се наменети како за домашниот така и за странскиот пазар. Денес Опласт е современа компанија во која вработените се со различна образовна структура. Технолошките постапки кои се применуваат во производството се:

  • екструдирање;
  • термоформирање;
  • рециклирање на пластични маси.

  Настојуваме да ги следи најновите трендови во производството, да го проширува асортиманот на своите производи, остварувајќи врвен квалитет.

  Особено внимание се посветува на набавката на современи алати за производство на нови и поквалитетни производи, водено според високите барања на пазарот. Производите кои ги изработуваме се употребливи во индустриите за преработка на млеко и млечни производи, кондиторски производи и друго. Нашата производна програма опфаќа:

  • пластични чаши за кафе;
  • пластични чаши за пиво;
  • пластични чаши за сок;
  • пластични чаши за сладолед;
  • пластични садови за кондиторија.